
Манчестер Сити создаде огромна предност во двомечот во четвртфиналето на Лигата на шампионите против Баерн со победата од 3-0 во првиот натпревар. Родри постигна прекрасен гол во првото полувреме, а во второто погодија Бернардо Силва и Ерлинг Халанд.
„Тоа беше натпревар на два големи тима и морам да потенцирам дека Баерн на моменти беше подобар тим, посебно преку Мусијала и Гнабри. На почетокот на вториот дел беа подобри, а потоа малку се прилагодивме и го ослободивме притисокот“, изјави тренерот на Сити, Пеп Гвардиола.
„Не беше пријатно. Емотивно сум уништен. Денеска изгубив 10 години од мојот живот. Сега ќе се опуштам, ќе земам слободен ден и потоа ќе се подготвуваме за натпреварот против Лестер“.
Тој го прокоментира и Бернардо Силва, португалскиот напаѓач за кого ова беше прв гол сезонава во Лигата на шампионите.
„Бернардо е еден од најдобрите играчи што некогаш сум ги тренирал. Тој е посебен и еден од најдобрите играчи што сум ги тренирал“, истакна Пеп Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal