
Дербито меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити е во фокусот на денешната програма во Премиер – лигата. Тоа ќе биде 500. натпревар за Пеп Гвардиола во најдобрите европски лиги и 245-ти на чело на Сити.
„Црвените ѓаволи“ одамна не биле во толку добра форма пред оваа дерби пресметка и дури се во подобра резултатска серија, иако се надеваат дека ќе избегнат четврти последовен пораз од „граѓаните“ на „Олд Трафорд“.
Само четири бода го делат тимот на Ерик тен Хаг од оној на Хосеп Гвардиола на табелата, а сигурно исходот од натпреварот ќе има сериозно влијание врз распределбата на првите позиции. Арсенал љубоморно го чува врвот, а Сити мора да победи за да го одржи чекорот.
Домаќините немаат пораз на „Олд Трафорд“ веќе седум последовни кола (шест победи и едно реми), а таа серија вклучува победи над Тотенхем и над Арсенал. Одбраната на Ерик тен Хаг нема примено гол речиси пет часа.
Манчестер Сити ќе треба да го преброди шокантниот пораз од Саутемптон со 2-0 во Лига купот и да брка пет бода негатива во однос на лидерот Арсенал. „Граѓаните“ во октомври го совладаа градскиот ривал со 6-3 и сега ќе се обидат да ја продолжат гол-фиестата.
Маркус Рашфорд и Ерлинг Халанд се најдобрите стрелци за двата гиганти и најголеми адути на Тен Хаг и на Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
