Connect with us

Гвардиола: Сега почнува „вистинската сезона“ во Премиер – лигата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека „вистинската сезона“ во Премиер – лигата започнува сега, по завршувањето на последната репрезентативна пауза во годината. Сепак, Шпанецот смета дека неговиот тим не смее да загуби бодови на утрешното тешко гостување кај Њукасл и да му дозволи на Арсенал дополнително да ја зголеми предноста на врвот.

„Сите се здрави и подготвени, со исклучок на Ковачиќ и Родри. Родри добро напредува. Поминаа веќе три недели од последниот пат кога имаше проблем. Тој знае дека мора да издвоиме доволно време за да ги надмине целосно тие проблеми и да може да игра на конзистентно ниво од сега до крајот на сезоната.

Сезоната има две фази – кога ќе се затвори летниот преоден рок и кога ќе заврши ноемвриската репрезентативна пауза. Сега, кога последната пауза е зад нас, до март ќе играме натпревари на секои три-четири дена. Сега започнува вистинската сезона. Важно е да бидеме тука – блиску до врвот, а потоа, кога ќе се доближиме до крајот, да имаме шанса да се бориме за првото место. Тоа е целта, а победата утре ќе биде важен чекор за нас.

Вистината е дека Арсенал изгледа како безгрешен тим. Тоа е истото чувство што го имавме кога се боревме против Ливерпул во минатото. Тогаш чувството беше дека тие нема да загубат многу бодови. Ако успеат да се одлепат со голема разлика, ќе биде многу тешко некој да ги стигне, како што беше со Ливерпул минатата сезона. Но, истовремено, сè уште е ноември. Во ноември ништо не е решено. Во февруари или март мора да бидеш внимателен, но сега е само почеток на сезоната“, изјави Гвардиола на денешната прес-конференција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови