Пеп Гвардиола планира засилувања во 2026 година, а веќе во јануари е подготвен да извлече корист од тројца играчи.
Се работи за Савињо, Рико Луис и Оскар Боб.
Овие тројца играчи моментно се во втор план и немаат значајна минутажа, па на трансфер пазарот би можеле да бидат атрактивни.
Најмногу внимание привлекува Савињо, кој летово го сакаше Тотенхем, но трансферот не се реализираше бидејќи Сити бараше дури 80 милиони евра. Савињо не успеа да обезбеди повеќе минути покрај Рајан Шерки, Жереми Доку и Фил Фоден, па не е исклучено да прифати трансфер за да биде во игра за Светското првенство во 2026 година. Карло Анчелоти смета на него, но конкуренцијата на неговата позиција во репрезентацијата е голема, па му е потребна поголема минутажа.
Рико Луис исто така падна во втор план, со само 181 минута во Премиер – лигата сезонава. Двапати одигра по 90 минути во Лига купот, што покажува дека е „план Б“ кај Гвардиола.
Третиот во линијата е крилиот играч Оскар Боб, кој се бори да се наметне во силната конкуренција. Младиот Норвежанец на 22 години, оваа сезона во Премиер – лигата одигра девет натпревари како замена, а два меча по 90 минути во Лига купот. Можно е да прифати трансфер во тим каде ќе има повеќе минутажа.
Сити не ја објави потенцијалната заработка, но јасно е дека Гвардиола може да ги ослободи финансиските средства за нови инвестиции. Неговата главна цел е Антоан Семењо, чие откупно право во јануари изнесува 65 милиони фунти, но и Ливерпул е заинтересиран за него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













