Connect with us

Гвардиола потврди, Сити без Ерлинг Халанд на дуелот против Брајтон

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, денеска потврди дека Ерлинг Халанд не е подготвен за претстојниот дуел со Брајтон.

На прес-конференцијата шпанскиот стратег потврди и дека Фил Фоден и Џон Стоунс се опоравиле од полесни повреди.

„Халанд нема да биде во тимот. Повредата не е сериозна, но тој не е доволно подготвен за утре. Но, Фоден и Стоунс се враќаат во тимот и можеме да сметаме на нив”, изјави Пеп Гвардиола.

Како и секогаш, тој зборуваше само во суперлативи за Роберто Де Зерби.

„Го заокружив Брајтон на гостински терен како еден од најтешките натпревари во сезоната. Брајтон игра неверојатен фудбал и нема да ни биде воопшто лесно“, изјави Пеп.

Натпреварот Брајтон – Манчестер Сити е закажан за в четврток од 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови