
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, без многу емоции го прокоментира ремито со Монако во Лигата на шампионите. Натпреварот заврши 2-2, иако „граѓаните“ водеа до пред самиот крај.
„Беше добар натпревар. Создадовме многу шанси. За жал, на крајот не се одбранивме на најдобар начин при еден неправеден слободен удар и дојде до пенал, каде што Нико Гонзалес прво ја допре топката, а во неговата интервенција немаше лоша намера. Но, како и да е – имаме еден бод и го прифаќаме“, изјави Гвардиола.
Низа промашувања се покажаа како бомба со одложено дејство што експлодираше во рацете на Манчестер Сити на гостувањето кај Монако.
„Не знам дали имаше пенал, но беше досуден. Тоа е сè“, додаде каталонскиот стратег.
„Ерлинг Халанд е многу добар. Тој игра за да постигнува голови. Треба да го бараме повеќе, а кога противникот игра со двајца централни дефанзивци и двајца дефанзивни играчи во средината на теренот, тоа не е лесно. Сепак, Халанд постигна два гола“, дополни Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ханси Флик: ПСЖ заслужено нѐ победи

Евро-фудбал
Ливерпул му понуди нов договор на Конате

Евро-фудбал
Ливерпул му понуди нов договор на Конате
