
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, не е виновен што нeпостигнува толку голови на последните натпревари како на почетокот на сезоната. Фудбалот е тимска игра, вели менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, пред денешното гостување кај Борнмут.
Халанд (22) веќе има 32 гола оваа сезона, но само еден од нив постигна во последните шест натпревари. Во текот на неделата беше целосно незабележителен на теренот кога Сити играше против Лајпциг во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Сепак, според Гвардиола, вината за ова треба да се бара во неговите соиграчи.
„Сè е наша вина. Не е до Ерлинг. Тој беше доволно добар цела сезона. Не ми треба статистика за да го знам тоа. Една секунда по натпреварите знам кој требаше да биде повеќе вклучен во играта и кој беше повеќе од потребното“, објасни Гвардиола.
„Треба повеќе да го проигруваме Ерлинг. Позицијата центарфор е најтешка во фудбалот бидејќи имаш двајца одбранбени играчи за еден играч. Во случајот на Халанд и уште повеќе. Тој е лут поради овој факт, исто и јас, но можам да кажам дека тимот треба да се подобри за Ерлинг да биде ефикасен“, додаде шпанскиот стратег.
Манчестер Сити има два бода негатива во однос на лидерот Арсенал, кој има и еден одигран натпревар помалку.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
