Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека можеби направил премногу промени во составот при домашниот пораз од 0-2 од Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Гвардиола одлучи да промени десет играчи во споредба со тимот што загуби од Њукасл.
„Да, веројатно премногу промени“, изјави тој. „Како што секогаш велам, сезоната е долга, на секои два-три дена мора да бидеме ангажирани, но можеби ова беше премногу, ако се земе предвид резултатот. Мислам дека играчите се трудеа да не прават грешки, наместо да играат онака како што треба. Не само со топката, туку и без неа не бевме доволно агресивни. Тие се навистина добар тим и ги честитам. Како и да е, ја преземам целата одговорност“, додаде Гвардиола.
„Сакам сите да имаат можност да играат. Кога не играш три, четири, пет или повеќе натпревари по ред, тоа е тешко, но можеби ова беше премногу“, дополни Шпанецот.
Гвардиола исто така нагласи дека напорната програма на Сити во продолжението на сезоната била главната причина за неговата одлука.
„Сега ќе играме на секои три или четири дена до март, и нема човек кој може да го издржи тоа. Игравме дома, сме во добра позиција во Лигата на шампионите. Но, не успеавме и мора да го прифатиме тоа“, заврши Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













