Connect with us

Гвардиола на лето ќе прави голема реконструкција на Манчестер Сити

Четворица фудбалери ќе го напуштат Манчестер Сити во летото 2025 година. Тоа се Кевин де Бруин, Едерсон, Џек Грилиш и Кајл Вокер.

Манчестер Сити во летото 2025 година ќе се раздели со четири големи имиња, по што клубот од „Етихад“ ќе изгледа значително поинаку.

Најзвучното име е секако Кевин де Бруин. Тој е член на „граѓаните“ веќе 10 години, има освоено сè, но бидејќи ќе наполни 34 години, раководството на Сити смета дека е време за негово заминување.

Вишок кај Пеп Гвардиола е и дефанзивецот Кајл Вокер. Тој е во клубот веќе осум години, ќе го прослави својот 35. роденден на крајот на сезоната, а шпанскиот стратег верува дека тој веќе дал доволно за клубот.

Се зборува и за заминување на голманот Едерсон веќе подолго време. Манчестер Сити беше подготвен да го продаде минатото лето во Саудиска Арабија, но договор на крајот не беше постигнат.

31-годишниот голман е прва опција на „граѓаните“ веќе осум години, но сега е подготвен да бара нови предизвици и да ја зголеми сметката со средства од Саудиска Арабија.

Последен на списокот за заминување е Џек Грилиш. 29-годишниот офанзивец беше купен за 100 милиони фунти пред четири и пол години, но никогаш не го достигна нивото на играч со толкава цена.

Пеп Гвардиола сигурно ќе бара нови решенија на пазарот. По овие заминувања, се очекува спектакуларно лето за Сити, а веќе неколку големи имиња се поврзуваат со клубот.

Џамал Мусијала и Флоријан Вирц се играчи што Гвардиола силно ги посакува, а тука е и ѕвездата на Реал Мадрид, Родриго. Со нив „граѓаните“ дефинитивно би изгледале помлади и помоќни во офанзивниот дел од играта.

Титулата оваа сезона можеби конечно ќе припадне на некој друг, но Пеп Гвардиола дефинитивно планира нов почеток од летото 2025 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови