Манчестер Сити вчера го претрпе четвртиот пораз по ред, откако загуби од Брајтон на гости со 2-1 во натпревар од 11. коло на Премиер – лига. За Сити ова е првпат од август 2006 година да доживее четири последовлни порази, додека за менаџерот Пеп Гвардиола ова е првпат во неговата кариера да загуби четири натпревари по ред.
Иако Гвардиола и порано се соочувал со поголеми заостанувања кои успевал да ги надомести, англиските медиуми ја истакнуваат неговата изјава по натпреварот и се прашуваат дали е завршена доминацијата на Манчестер Сити во Премиер – лигата.
„Откако освоивме шест титули во Премиер лигата за седум години, можеби е време шампионот да биде некој друг“, изјави Гвардиола.
„За сè постои прв пат. Натпреварите се губат. Ова е мојот предизвик, а јас ги сакам предизвиците и нема да отстапам. Ова го сакам повеќе од кога било“, истакна менаџерот на Манчестер Сити.
Негативната серија на Сити ја започна Тотенхем во ЕФЛ купот (1-2), потоа следеше пораз од Борнмут во првенството (1-2), и убедливиот пораз од Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите (1-4). Кризата сега ја продлабочи и поразот од Брајтон. По 11 одиграни натпревари во првенството, Манчестер Сити заостанува пет бодови зад водечкиот Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Интернационалци
Дориев стрелец и асистент во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)













