Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека ја презема целосната одговорност за слабата форма на неговиот тим оваа сезона, во која „граѓаните“ освоија само два од последните десет натпревари во Премиер – лигата.
Лошата серија ги остави актуелните шампиони на шестото место во табелата со 31 поен од 19 натпревари, 14 помалку од лидерот Ливерпул, кој има еден натпревар помалку.
Сезоната на Манчестер Сити беше нарушена од бројни повреди, како што се повредите на носителот на „Златната топка“, Родри, голманот Едерсон, како и дефанзивците Џон Стоунс и Рубен Дијаш, кои не играат.
„Има многу, многу работи и јас пропуштив доста – нешто со што не се справувам добро“, изјави Гвардиола пред дуелот против Вест Хем.
„Во крајна линија, кога губиш многу натпревари, тоа е одговорност што како менаџер треба да ја преземеш. Има нешто што тимот го потребува и од увереност, а јас не можев да им го дадам тоа. Прашањата прво се кон мене, а не кон играчите. Тие, се разбира, психички паднаа и тоа е нормално. Се случи и минатата сезона“, додаде тој.
„Се обвинувам себеси. Јас го водам овој тим и не успеав да ги мотивирам. Тоа е реалноста“, изјави менаџерот.
Составот на Гвардиола ќе се обиде да постигне две последовни победи, откако минатиот викенд го победи Лестер Сити со 2-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













