
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, беше задоволен од играта на неговиот тим во победата од 0-3 против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
„Ерлинг можеше да постигне повеќе голови. Како пример ја давам ситуацијата на крајот од првото полувреме кога Андре Онана го одбрани неговиот удар. Мислам дека Халанд мораше само лесно да ја допре топката, но сакаше да биде моќно“, изјави Гвардиола.
„Ерлинг е машина. Тој е неверојатен. Ние сме самоуверени како тим кога тој е на теренот. Сето ова ме прави многу среќен“, додаде Пеп.
Тој се осврна на тимот, но го потенцираше и Бернардо Силва.
„Нашето најголемо достигнување е што успеваме да ја одржиме нашата конзистентност. Секогаш се чувствуваме удобно на „Олд Трафорд“. Бернардо Силва? Можам да зборувам 10 минути за тоа што значи тој за мене и за тимот. Бернардо е еден од најдобрите фудбалери што сум ги видел во животот. Летото се плашевме дека ќе го изгубиме. Тој е незаменлив, сите во соблекувалната го сакаат“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити е третопласиран на табелата во Премиер-лигата со 24 бода, колку што има и Арсенал. Двата тима заостануваат два бода зад лидерот Тотенхем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
