Преминот на Бразилецот Савињо од Манчестер Сити во Тотенхем е на работ да се изјалови, иако самиот фудбалер изрази желба да се пресели во Северен Лондон. Според англиските медиуми, „граѓаните“ се подготвени да ја блокираат зделката, бидејќи Пеп Гвардиола инсистира да го задржи играчот барем уште една сезона.
Савињо не беше дел од составот на Сити за првиот натпревар во новата сезона против Вулверхемптон, кој „граѓаните“ го добија убедливо со 0-4. Сепак, Гвардиола подоцна изјави дека смета на него.
Тотенхем, кој под водство на Томас Франк стартуваше со сигурна победа од 3-0 против Барнли, се надеваше дека ќе го донесе Бразилецот како големо засилување пред крајот на преодниот рок.
Интересно е дека токму Тотенхем ќе биде следниот ривал на Манчестер Сити во Премиер – лигата, на 23 август на „Етихад“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













