
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е голем фан на квалитетите и потенцијалот на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ и сака да го доведе на „Итихад“ во зимскиот преоден рок, објавија италијанските медиуми.
Манчестер Сити со месеци е во потрага по централен напаѓач. Летото се обидоа да го доведат Хари Кејн, но Тотенхем одби да го продаде.
Сега на врвот на желбите е српскиот голгетер, кој во Фиорентина дојде летото 2018 година од Партизан за само 2 милиони евра. Тој во последните две сезони се разви во врвен голгетер.
Минатата сезона Влаховиќ постигна 21 гол, а годинава на 16 настапи веќе постигна 14 гола. Неговиот договор истекува во јануари 2023 година и Фиорентина му понуди продолжување, но тој одби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Аморим: Примивме голови што можеа да се избегнат

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
