Англискиот првак Манчестер Сити тргнува во акција за ангажман на Пауло Дибала од Јувентус. На Аргентинецот на лето му истекува договорот со италијанскиот клуб, а досега најзагреан за неговите услуги беше Интер. Бепе Марота сметаше дека ќе успее да го убеди да се пресели на „Џузепе Меаца“, но сега во трката влезе финансиски моќниот Манчестер Сити.
Пеп Гвардиола побарал од раководството да го доведе Дибала на „Итихад“ и веќе му е подготвен петгодишен договор според кој би заработувал 10 милиони евра по сезона. Тоа е за 3 милиони евра годишно повеќе од понудата што во моментов ја има од Интер.
Манчестер Сити од лето ќе биде посилен и за Хулијан Алварез кој за 18 милиони евра доаѓа од Ривер Плата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













