Connect with us

Гвардиола го праќа Грилиш на позајмица во Јувентус

Џек Грилиш минатото лето пристигна во Манчестер Сити од Астон Вила за дури 117 милиони евра, а од следната сезона би можел да игра во Серија А, како позајмен играч.


Според „Калчомеркато“, Гвардиола е лут на Грилиш и е подготвен да го испрати во Јувентус на позајмица поради лошите игри, но и непрофесионалното однесување. Неодамна се појавија неколку фотографии како Џек Грилиш е во алкохолизирана состојба кога излегува во ноќен живот.

Грилиш оваа сезона одигра 35 натпревари за Сити, постигнувајќи само пет гола, со три асистенции. Навистина скромни перформанси за скапо платено засилување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови