Connect with us

Гвардиола: Фудбалот е најмалку тактика, многу повеќе емоција – посебно во финале на ЛШ

Манчестер Сити е на прагот на најголемиот успех во клупската историја. Пеп Гвардиола и неговите избраници можат да го донесат првиот трофеј од Лигата на шампионите на „Итихад“. Утревечер во Порто ќе имаат финална пресметка против Челси, стариот добар познаник и од Премиер – лигата.

Гвардиола знае како се освоуваат трофеи во Лигата на шампионите.

„Фудбалот е најмалку тактика, многу повеќе е емоција – посебно во финале на Лигата на шампионите. Победивме на многу натпревари оваа сезона, но тоа не гарантира ништо пред утрешното финале. Мора да се почувствува магијата и да се „грабне“ трофејот. Тоа воопшто не е лесно да се изведе на теренот. Челси е секако неверојтно квалитетен тим. Ќе биде навистина жестока пресметка“, изјави Пеп Гвардиола.

Призна и дека би сакал да има најмалку еден фудбалер од Челси во својот тим.

„Кого би го земал во Сити? Нголо Канте. Замислете да ги имате во ист тим Нголо Канте и Кевин де Бруин. Уф.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови