Connect with us

Гвардиола: ФИФА и УЕФА ги убиваат фудбалерите

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги критикуваше ФИФА и УЕФА за густиот натпреварувачки календар.


„Тие убиваат фудбалери, ова е премногу. Од почетокот на сезоната немаме една недела одмор. Играчите се луѓе, не се машини. Сакам моите играчи да бидат здрави. Некои луѓе сакаат да играме секој ден, но невозможно е да се освојат сите натпреварувања“, изјави Гвардиола.


Манчестер Сити е убедлив лидер во Премиер – лигата со 74 бода, а утре гостуваат кај Борусија Дортмунд во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови