
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше утрешниот натпревар против Лестер. „Граѓаните“ го пречекуваат претпоследниот тим на табелата на „Итихад“.
„Ако губиме натпревари, губиме натпреварувања. Ова важи и за утре. Ако загубиме, нема да бидеме шампиони. Ако победиме, имаме шанса. Реалноста е дека заостануваме шест бода зад Арсенал, тим кој игра еднаш неделно и ретко губи бодови. Ние сме вториот најконстантен тим во првенството. Не е лошо. Проблемот е што Арсенал засега е неверојатен. Нашите бодови и ефект не се трагедија. Тука сме затоа што направивме многу добри работи, но во спортот едното секогаш е подобро од другото. Мора да го прифатите тоа и да продолжите понатаму“, изјави Пеп Гвардиола.
Тој зборуваше и за новиот менаџер на Лестер, Дин Смит.
„Мило ми е што се врати. Од Џек Грилиш знам дека е исклучителна личност и создава одлична атмосфера. Тоа сега ќе му помогне на Лестер. Тие се во тешка ситуација, но со новиот менаџер ќе дадат се од себе“, изјави Шпанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
