Работнички оствари многу важна победа (2-1) над Борец, а творец на победата беше Фахрудин Ѓурѓевиќ кој постигна два гола во финишот и го обезбеди триумфот. Влезе во завршницата од мечот како „џокер“ од клупата на Александар Влахо и одговори на одличен начин, со два гола за осум минути – доволни за три нови бода. И за епитетот најдобар играч за 25.коло во Првата лига во изборот на МАКФУДБАЛ.
Ја чекаше својата шанса оваа пролет, доби шанса и покажа дека секогаш е подготвен да го даде максимумот за тимскиот успех.
„Влегов во игра на 0-0, секако интенцијата беше наша победа, а во меѓувреме и примивме гол. За среќа, успеавме веднаш да возвратиме, а пред самиот крај со вториот гол да оствариме и троиумф. Среќен сум што стигнавме до победа, секогаш сум подготвен да му помогнам на тимот. Сега треба да продолжиме во ист стил и на наредните натпревари. Не очекува уште еден тежок натпревар против Пелистер претстојниот викенд“, вели Фахрудин Ѓурѓевиќ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski