Connect with us

Гундоган: За нас фудбалерите, новата ЛШ е само малку помало зло од Суперлигата

Лига шампиони или Суперлига. Победник е УЕФА, „одметнатите“ клубови се вратија под закрилата на Европската куќа на фудбалот со оглед дека им се закануваше и исфрлување од Премиер – лигата. Еден од тие клубови беше и Манчестер Сити, а фудбалерот за врска Илкај Гундоган застана на страната на играчите.

„Сите фудбалери сакаат да играат на европска сцена. Но, мисли ли некој на здравјето на фудбалерите? Ако гледаме од играчки агол и обврските што ќе ги имаме во текот на една сезона со зголемувањето на натпреварите во ‘новата Лига на шампиони’, тоа е само малку помало зло од Суперлигата. Клубовите ја гледаат заработувачката, но треба да мислат барем малку и на нашето здравје“, изјави Илкај Гундоган.

Слично размислува и неговиот менаџер Пеп Гвардиола кој во неколку наврати потенцираше дека фудбалерите се преоптоварени во текот на оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови