Челси продолжи со доминантните настапи во Конференциската лига, совладувајќи го Шамрок Роверс на домашен терен со убедливи 5-1 и задржувајќи го максималниот ефект по пет кола.
„Сините“ го надминаа својот противник со комбиниран состав, покажувајќи го својот квалитет. Главна ѕвезда на натпреварот беше младиот Шпанец Гују, кој постигна хет-трик. Тој го отвори резултатот со два брзи гола за 2-0 и додаде уште еден за 4-1 пред крајот на првото полувреме. Останатите погодоци за Челси ги постигнаа Дузбери-Хол и Кукуреља, додека единствениот гол за Шамрок го даде Пом.
Четворицата македонски фудбалери кои играат во Конференциската лига освоија по бод со своите тимови. Астана на Алекса Амановиќ ремизираше со АПОЕЛ (1-1), Борац на Шишковски и Николов одигра без голови со Омонија, додека и тимот на Јагиелонија, каде настапува Дарко Чурлинов, одигра 0-0 со Олимпија Љубљана.
Во другите дуели, Бетис минимално го победи Хелсинки со 1-0, Целје триумфираше против ТНС (3-2), Ѓургарден ја совлада Легија (3-1), а Ларне приреди изненадување победувајќи го Гент со 1-0.
Молде освои три бода во драматичен меч против Млада Болеслав (4-3), додека Панатинаикос го декласираше Динамо Минск (4-0). Историска победа забележа ТСЦ против Ноа (4-3).
Неколку натпревари завршија без победник, меѓу кои Серкл Бриж – Башакшехир (1-1), Хартс – Петрокуб (2-2), Хајденхајм – Сент Гален (1-1), Ласк – Викингур (1-1), Лугано – Пафос (2-2), и Виторија Гимараеш – Фиорентина (1-1).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













