Фудбалската репрезентација на Македонија има шокантна негатива (1-0) против Фарски Острови, по првото полувреме на мечот во Торшавн, со кој нашиот национален тим го отвора новото издание во Лигата на нации.
Во осмата минута, Ахмед Иљазовски направи грешка, можеби и на малку чуден начин беше досуден пенал, а Столе Димитриевски не успеа да го спречи ударот од 11 метри на Виљормур Давидсен.
Viljormur Davidsen scores from the spot!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 7, 2024
Faroe Islands 1-0 North Macedoniapic.twitter.com/uGOesPAW4s
По примениот гол, Македонија имаше поголема иницијативца, се обидуваше да израмни, но домаќинот мудро се бранеше на теренот со вештачка трева.
Најубавата шанса за нашата селекција ја имаше Дарко Чурлинов во 19.минута, кога излезе сам пред противничкиот голман, го префрли, но на гол-линијата сепак дефанзивците на Фарски Острови спасија израмнување.
Селекторот Благоја Милевски ќе мора да промени нешто во вториот дел, а и фудбалерите да заиграат многу подобро, доколку не сакаме да го паметиме овој ден во Торшавн како нов дебакл на македонскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
Борче Христов е новиот тренер на Тиквеш
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот













