
Фудбалерите на Кит Го полека навлегуваат во втората фаза од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток, во која главниот фокус е ставен на пријателските натпревари.
Шефот на стручниот штаб Емил Грнев е задоволен од досегашниот тек на подготовките, верувајќи дека сега низ тест-дуелите добро ќе се темпира формата за продолжението од шампионатот.
„Одиме комплетно согласно зацртаното за подготвителниот период. Веќе навлегуваме во втората фаза од подготовките, воигрување на екипата и одигрување контролни натпревари. Првиот тест дуел против Брегалница го одигравме во услови во кои ветерот не беше баш добар сојузник за екипите. На следните натпревари очекуваме и подобри временски услови, па фудбалерите да го покажат најдоброто од себе“ – вели Грнев, притоа дополнувајќи:
„Се уште сме на почеток од тест-периодот. Но, имаме доволен број пријателски дуели пред нас низ кои сигурно добро ќе се подготвиме за пролетниот дел од првенството. Следуваат пријателските натпревари со Кожуф во Гевгелија, па потоа Осогово, а доколку дозволат временските услови планираме и десетдневни подготовки во нашата база во Пехчево. Тоа што со сигурност го знам е дека и во вториот дел од шампионатот ќе им дадеме шанса на младите фудбалери, надополнети со тројца-четворица поискусни, и сигурно посакуваме повторно добри игри и успешни резултати“.
Кит Го утре во Гевгелија против Кожуф го очекува вториот пријателски натпревар низ зимските подготовки. На првиот тест-дуел во Штип одигра 1-1 со Брегалница.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
