
Шефот на стручниот штаб на Кит Го, Емил Грнев со осврт за изминатите зимски подготовки и очекувањата за пролетниот дел од шампионатот.
„Задоволен сум од тоа како минаа подготовките за пролетниот дел од сезоната. За нас, без сомнение, едно големо искуство повеќе беа и подготовките во Анталија за што мора да заблагодариме на раководството на клубот кое ни го овозможи сето тоа. Како за првпат, мислам дека добро се покажавме на меѓународните натпревари“ – вели тренерот на тимот од Пехчево.
Кит Го во зимскиот преоден рок се засили и со Бојан Ѓорѓиевски, Тони Мичкоски како и голманот Давид Денковски…
„Имаме квалитетни засилувања кои брзо се вклопија во тимот. Мислам дека максимално подготвени ќе го дочекаме стартот на пролетната полусезона. Тоа го покажавме и на последниот пријателски натпревар против Пелистер, тимо кој се бори за влез во Првата лига. Одигравме цврст натпревар со многу трка и борба на секој дел од теренот. Задоволен сум од тоа што го видов во Битола, знаејќи дека формата ќе расте од натпревар на натпревар“ – истакнува Грнев.
Кога се зборува околу амбициите за пласман во елитата…
„Се разбира дека фаворитската улога е на страната на Беласица, Тиквеш и Брегалница. Доколку нам ни се укаже шанса, секако ќе се обидеме да ја искористиме“ – вели шефот на стручниот штаб на Кит Го.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Состави ЛШ: Барса и ПСЖ во тотална офанзива

Евро-фудбал
Динамо Загреб му даде отказ на Фабио Канаваро

Евро-фудбал
Њукасл експресно го суреди Лестер (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Нов случај „Дани Алвеш“ во шпанскиот фудбал
