
Шведската фудбалска федерација официјално го назначи Грем Потер за нов национален селектор. Договорот на 50-годишниот англиски стручњак засега важи за ноемвриските квалификации против Швајцарија и Словенија, како и евентуалниот плејоф во март. Ако успее да ја одведе Шведска на Светското првенство, договорот ќе биде автоматски продолжен.
„Чувствувам смиреност, но и голема мотивација. Шведска има одлични играчи кои играат на високо ниво во силни лиги. Мојата цел е да создадам средина и стил кои ќе го извлечат максимумот од тимот и ќе ни донесат место на Светското првенство“, изјави Потер по назначувањето.
Федерацијата го отпушти поранешниот селектор Јон Дал Томасон по само еден освоен бод во првите четири квалификациски дуели. Сепак, Швеѓаните сè уште имаат шанса за бараж за СП 2026 благодарение на успехот во Лигата на нации минатата есен.
Потер пред да дојде на селекторската позиција во Шведска, ги водеше Вест хем, Челси, Брајтон, Свонси и шведскиот Остерсунд.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ендрик во јануари го напушта Реал Мадрид

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
