Англискиот премиерлигаш Челси го именува Грем Потер за нов менаџер. Тој потпиша петгодишен договор и ќе дебитира на саботниот меч против Фулам. Досегашниот стратег на Брајтон доби шанса од Тод Боели да седне на клупата на клубот од „Стемфорд бриџ“, со оглед дека важи за еден од најталентираните млади стручњаци во Премиер – лигата.
„Неверојатно сум горд и возбуден што ќе го претставувам Челси, овој фантастичен фудбалски клуб. Многу сум возбуден што ќе соработувам со новата сопственичка група на Челси и со нетрпение очекувам да се сретнам и да работам со возбудливата група играчи и да развијам тим и култура со кои нашите навивачи ќе можат да се гордеат. Исто така, би сакал да упатам искрена благодарност до Брајтон што ми ја даде оваа можност, а особено Тони Блум и сите играчи, персоналот и поддржувачите за нивната континуирана поддршка во текот на мојот престој во клубот“, изјави Грем Потер.
Тод Боели, новиот претседател на Челси вели дека верува во квалитетите на Потер.
„Возбудени сме што ќе го доведеме Грем во Челси. Тој е докажан тренер и иноватор во Премиер – лигата кој одговара на нашата визија за клубот. Не само што е исклучително талентиран на теренот, тој има вештини и способности кои го надминуваат теренот, што ќе го направи Челси поуспешен клуб. Тој имаше големо влијание во неговите претходни клубови и се радуваме на неговото позитивно влијание во Челси. Со нетрпение очекуваме да го поддржиме него, неговиот тренерски тим и тимот во остварувањето на нивниот целосен потенцијал во наредните месеци и години“, истакна Тод Боели.
Chelsea Football Club is delighted to welcome Graham Potter as our new Head Coach! 🤝
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 8, 2022
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal