Менаџерот на Челси, Грем Потер, откри дека добил многу непријатни пораки од навивачите на „сините“ поради слабите настапи на тимот. Англискиот стратег додал дека мејловите содржеле смртни закани за него и за неговите деца.
„Добив неколку непријатни мејлови со желба јас и моите деца да умреме. Секако не е убаво да добивате такви пораки. Ако одите на работа и некој ве пцуе, не може да биде убаво. Како кога те нарекуваат најлошиот човек во историјата на клубот. Можам да се однесувам како да не ми е грижа, но тоа е лага бидејќи на сите им е важно што мислат луѓето за нив, така сме создадени“, изјави Потер.
„Сакам да успеам овде, па бесмислено е да мислам дека не ми е грижа. Разбирам дека навивачите си одат дома и се многу лути затоа што тимот не победува“, истакна менаџерот на Челси за англиски медиуми.
Во оваа фаза, лондончани се во серија од пет последователни натпревари без победа во сите натпреварувања.
Челси утре му гостува на Тотенхем во лондонското дерби.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













