Connect with us

„Гранде Пандев“ го поздрави Тер Штеген: Македонија води (0-1) против Германија (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија има сензационално водство (0-1) против четирикратниот светски првак Германија на полувреме на арената во Дуисбург. Капитенот Горан Пандев во 45.минута успеа да го совлада Марк Андре Тер Штеген, по одличната акција на Аријан Адеми и додавањето од Енис Барди.

Македонија на фантастичен начин успеа да ја забави играта на Германците, ги затвори сите приоди кон голот на Столе Димитриевски и има предност по првиот дел. Можеме да жалиме и за одличната шанса на Аријан Адеми во 40.минута по центаршутот на Алиоски од десната страна, но ударот со глава Тер Штеген го одбрани со рефлексна реакција.

Германија беше најблиску до водство во почетните мигови, Леон Горецка ја погоди гредата во деветтата минута, а потоа шанси имаа и Серж Гнабри во 27.минута и Каи Хаверц во 33.минута. Но. Македонија има сензационално водство на полувремето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови