Connect with us

„Граѓаните“ во голеада го совладаа Њукасл, хет -трик на Феран Торес (ВИДЕО)

Новиот англиски првак Манчестер Сити во голеада го совлада Њукасл на гости со 3-4. Тоа е 26. триумф за тимот на Пеп Гвардиола во Премиер – лигата која оваа сезона ја освоија на доминантен начин.

Крафт го доведе Њукасл во водство во 25.минута, но потоа Сити одговори со головите на Кансело и на Феран Торес кој погоди на фантастичен гол со петица. Сепак, домаќинот на одмор замина со 2-2 откако Жоелинтон погоди од пенал.

Вилок во 61.минута се погрижи за нов пресврт, но и тоа не беше се затоа што Феран Торес блесна само неколку минути подоцна, постигна два гола во низа и комплетираше хет – трик, а на Манчестер Сити му донесе победа од 3-4.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови