Брентфорд не успеа да шокира уште еден премиерлигашки гигант. Манчестер Сити го совлада домаќинот на „Грифин Парк“ со минимални 0-1 во седмото коло на Премиер – лигата.
Единствениот гол на натпреварот падна веќе во деветтата минута, кога Ерлинг Халанд по асистенцијата на Јошко Гвардиол ја затресе мрежата на домаќините. Со ова, „граѓаните“ скокнаа на петтата позиција со три бода помалку од лидерот Арсенал, додека Брентфорд остана на 16. место со четврти пораз сезонава.
Иако триумфот е вреден, Пеп Гвардиола нема да слави целосно, со оглед дека Родри, еден од најдобрите играчи на тимот, поради повреда мораше да биде заменет уште во 22. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













