
Македонскиот прволигаш Шкупи бара ново решение за тренерската позиција откако се раздели со турскиот стратег Умит Каран, а една од најголемите желби на клубот од Чаир е Гоце Седлоски, поранешниот тренер и спортски директор на Вардар, кој последен пат работеше во вториот тим на Динамо Загреб и беше шеф на стручниот штаб на Рига. Раководството на Шкупи ќе се обиде да го доведе Седлоски на кормилото во обидот да се врати во трката за шампионската титула со лидерот Шкендија и со Македонија Ѓорче Петров.
„Целите не се исполнети, го раскинавме договорот со Умит Каран“, порачаа вчера од Чаир. Проектот на Шкупи е амбициозен и се надеваат на шампионскиот трофеј, а Гоце Седлоски е стратег кој знае како се освојуваат трофеи од периодот поминат во Вардар.
Од Шкупи заминува и најдобриот стрелец Дембо Дарбо, како и Дарко Глишиќ и Кристијан Наумовски. Засега официјално пристигна само едно ново име, Кристијан Трапановски од Академија Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
