Новиот прволигаш Гостивар го победи Вардар во претходното коло и се придвижи од дното, а во текот на оваа недела изрази став дека се залага за респект во фудбалот и во спортот, како единство меѓу заедниците.
На фудбалски план, денеска Гостивар ќе ја пречека Шкендија и ќе се обиде да направи изненадување против лидерот на табелата.
Тетовци се максимално мотивирани да дојдат до успех. Напаѓачот Дашмир Елези најавува дека Шкендија ќе дојде во Гостивар по трите бода.
„Сакаме да започнеме нова победничка серија. Нашата цел е јасна, ја посакуваме шампионската титула, а за остварување на таа цел ни се потребни бодови од секој меч“, изјави Елези.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО (14 часот)
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР
ШКУПИ – СТРУГА
РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ
СИЛЕКС – ВОСКА
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – БРЕРА 1-0
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski