Македонскиот прволигаш Гостивар преку соопштение побара од навивачите да не ги навредуваат фудбалерите. Ова доаѓа по ремито (2-2) што гостиварци го одиграа против Шкендија на домашен терен минатиот викенд.
„Драги навивачи на Гостивар, деноноќно работиме за да оствариме успех, направивме трансфери на фудбалери од цел свет за да им овозможиме на фановите, од трибините да гледаат убав фудбал. Сакаме навивачите да слават со нас кога победуваме, да не тажат со нас кога губиме и да ни дадат поддршка во секоја ситуација. Ги респектираме оние кои не поддржуваат, мило ни е што се секогаш со нас.
Не сакаме навивачи или навивачки групи кои ги навредуваат своите сопствени фудбалери, стручниот штаб или претседателот. Не ги почитуваме тие кои не не почитуваат нас. Навреди од навивачка група по одличната игра против лидерот Шкендија се неприфатливи. Ја осудуваме таа група“, се вели во соопштението од фудбалскиот клуб Гостивар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski