
Фудбалерите на Гостивар денеска на домашен терен ќе ја пречекаат Македонија Ѓорче Петров во воведниот натпревар од 18. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Гостивар нема пораз од септември, а последниот го доживеа токму од Македонија ЃП.
„Лавовите“ имаа сезона полоша од очекувањата, но се надеваат дека ќе успеат позитивно да ја заокружат годината.
„Играме против добар противник кој знае што сака, но ние имаме цел која треба да ја постигнеме со борбена игра и силен напор за да се вратиме од Гостивар со позитивен резултат“, вели дефанзивецот на Македонија ЃП, Коста Манев.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 18. КОЛО
ГОСТИВАР – МАКЕДОНИЈА ЃП (денеска 13 часот)
АП БРЕРА – ШКУПИ (утре, 13 часот)
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
ВОСКА – РАБОТНИЧКИ
СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА
ВАРДАР – ТИКВЕШ

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal