Македонскиот прволигаш Гостивар го победи со 2-1 култниот босански клуб Сараево на пријателскиот натпревар што се одигра во Ровињ, Хрватска. Гостиварци славеа со пресврт во второто полувреме.
Сараево одлично го отвори натпреварот, стигнувајќи до водство од 1-0 веќе во шестата минута. Од десната страна центрираше Алдин Туркеш, а на вистинското место во вистинско време се најде Мирза Мустафиќ, кој ја погоди мрежата.
Во второто полувреме сепак доминираше Гостивар и успеа да направи комплетен пресврт.
Прво, Емануел Мбенде постигна гол во 54. минута за 1-1, а само три минути подоцна, по нова опасна ситуација пред голот, Марко Симоновски реализираше за 2-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













