
Струга Трим Лум не успеа да ја спаси сезоната – по загубената шампионска титула, тимот на Илчо Ѓорѓиоски остана и без Купот на Македонија, откако загуби од Вардар со 0-2 во финалето. За клубот што во изминатите две години беше симбол на доминација на домашната сцена, ова е горко разочарување.
По натпреварот, тренерот Илчо Ѓорѓиоски реално ја анализираше ситуацијата.
„Секако дека можеше поинаку. Вардар ги искористи своите шанси – честитки за нив и им посакувам успех во Европа. Ние не ги реализиравме нашите прилики. Првиот гол дојде од полушансa, вториот на самиот почеток на второто полувреме – тој гол психолошки не’ исфрли од натпреварот. Се обидовме да се вратиме преку поседот, но не успеавме да постигнеме гол. А почнавме одлично, имавме две шанси, но не погодивме први“, изјави Илчо Ѓорѓиоски.
Со овој пораз, Струга ТЛ останува без европски настап ова лето – по двегодишно континуирано претставување на Македонија во квалификациите. Оваа сезона, Шкендија ќе биде македонскиот претставник во Лигата на шампионите, а Вардар, Работнички и Силекс ќе се борат во Конференциската лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го освои Кратово и покажа дека има намера да се бори...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Недим Хаџиќ (Башкими)
Башкими има четири победи во седум кола и уште на стартот од сезоната им...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-15 славеше победа против Косово во Приштина
