
Лидерот во македонскиот шампионат, тимот на Шкупи, денеска (14 часот) гостува на Тиквеш во десеттото коло од Првата фудбалска лига.
Младинскиот репрезентативец Марко Ѓорѓиевски кој беше одличен во националниот тим, оптимизмот го пренесува и на клупска сцена. Вели дека Шкупи мора да победи на гостувањето во Кавадарци.
„Не очекува исклучително важен меч против Тиквеш, поради што мора да бидеме целосно фокусирани. Ќе се обидеме да го дадеме најдоброто од нас за да успееме да дојдеме до зацртаните цели. Шкупи на секој натпревар оди на победа, па така ќе биде и сега. Едноставно мора да дадеме максимум за себе, за тимот и за навивачите“, вели Ѓорѓиевски.
Дербито на колото се игра во Струмица, каде Академија Пандев го пречекува актуелниот првак Шкендија. Брегалница во Штип е домаќин на Македонија ЃП, а Ренова во Тетово ќе го нагости Пелистер.
Струга ТЛ сака прекин на негативната серија против Борец дома, а Скопје вчера го изненади Работнички на Националната арена и славеше со 0-1, во првиот меч од ова коло.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Милан ги мерка Николас Џексон и Жан-Филип Матета

Евро-фудбал
Фиорентина подготвува нов договор за Моисе Кин

Евро-фудбал
Јуве ќе бара нова позајмица за Коло Муани

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
