Connect with us

Горецка сака да остане во Баерн

Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен, Леон Горецка, потврди дека сака да остане во клубот и следната сезона. Неговиот договор е до летото 2026 година.

„Од моја гледна точка, сѐ е јасно – мојот договор е до 2026 година и нема причина да размислувам за трансфер“, изјави Горецка за „Билд“.

Играчот од средниот ред е дел од Баерн Минхен од летото 2018 година кога на слободен трансфер беше потпишан од Шалке 04.

Сепак, иднината на германскиот репрезентативец е нејасна и тој би можел да биде продаден на лето. Конечната одлука ќе ја донесе новиот тренер на Баварците.

Горецка оваа сезона има 37 настапи во сите натпреварувања, постигна пет гола и 11 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови