
Горан Пандев е „гранде“. Го знаат тоа Италијанците одамна, затоа и му го дадоа веќе легендарниот прекар. Но, сите се во чудо затоа пто Горан е и вечен. Цели две децении игра фудбал на Апенините и стана најдобриот голгетер од балканските простори во Серија А со 97 постигнати гола.
„Ќе се обидам да стигнам до „стотка“. Не се малку три гола во Серија А, но и има уште многу натпревари до крајот на сезоната“, вели Горан Пандев за МАКФУДБАЛ, два дена откако го урна Наполи на Џенаро Гатузо на „Луиџи Ферарис“.
Тој е икона во Македонија, успеа да ја одведе Македонија на Европското првенство, со погодок кој вечно ќе биде запишан во историјата. Ја урна Грузија и ја отвори европската врата за националниот тим.
„Тоа е мојот најголем успех во кариерата. Го остваривме сонот на сите генерации, но сега треба да размислуваме на добра презентација и на Европското првенство. Македонија може многу и на големиот турнир иако е аутсајдер во групата“, вели Пандев.
Гранде Мачедоне секогаш како да бил во втор план кога се во прашање напаѓачите од Балканот во Серија А. Ние Македонците одамна знаеме дека е бесмртен и се уште не веруваме дека некогаш и ќе се пензионира, а Горан Пандев на целиот Балкан му покажа дека е еден од најдобрите, поточно најдобар од просторите на екс – Југославија во Калчото. Две децении настапи, две децении на врвот, најдобар голгетер во Серија А од балканските простори.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
