Голманот на Интер, Јонут Раду, доби дозвола да и се приклучи на фудбалската репрезентација на Романија. Чуварот на мрежата ја напушти изолацијата и доби можност да замине за Букурешт откако доби два негативни теста на Ковид-19.
Јонут Раду беше на списокот на селекторот Мирел Радои, но првично беше најавено дека нема да може да се приклучи на националниот тим. Сепак, сите репрезентативци од Интер кои добија негативни тестови за коронавирус, добија дозвола од клубот и од здравствените власти на Милано да заминат во своите држави и да одговорат на репрезентативниот повик.
Романија има уште тројца голмани, Флорин Ница (Спарта Прага), Давид Лазар (Астра) и Флорин Јакоб (УТА Арад). Првиот има најголеми шанси да биде во стартниот тим на Романија на дуелот против Македонија в четврток.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













