Украинските фудбалери не можат мирно да набљудуваат што се случува во нивната татковина. Некои од нив деновиве објавуваат на Инстаграм, апелираат за мир и изразуваат пораки за поддршка до своите сонародници.
Порака по повод почетокот на руската инвазија испратија и легендарниот Андриј Шевченко, Олександр Зинченко од Манчестер Сити и Андриј Јармоленко од Вест Хем.
Последен одговори Георги Бушчан, голманот на Динамо Киев и на репрезентацијата на Украина. Тој напиша емотивна објава на Инстаграм во која експлицитно не ги спомена рускиот претседател Владимир Путин и нивната војска, но очигледно алудираше на нив велејќи дека „никој нема право да го негира долгиот пат што го помина Украина за да ја добие својата државност“.
Еве ја целата објава на Бушчан:
„Верувам во нашата земја, нашата армија и нашиот украински народ! Сега сите мора да се обединиме пред најсериозниот предизвик во модерната историја на Украина.
Тоа не се само зборови, тоа го чувствувам кога на стадионот се свири химната на Украина и на трибините жолто-сини знамиња: гордост за нашата земја, гордост за нашата независност и нашиот народ. Украина помина долг пат во стекнувањето на својата државност и никој нема право да го негира тоа.
Огромна почит кон нашите војници, кон сите Украинци кои ги бранат границите на нашата земја, нејзината независност и правото на избор на иднината.
Украина е пред се!“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













