Connect with us

Голманот на Лил: Ако имаше четврти пенал, и тој ќе го одбранев

Голманот на Лил, Берке Озер, ја коментираше победата на Лил над Рома во второто коло од Лига Европа. Францускиот тим славеше на гостувањето на „Олимпико“ со 0-1.

Турскиот чувар на мрежата успеа двапати да одбрани удари на Артем Довбик од пенал во 82-та минута, а потоа го сопре и шутот на Матијас Суле при третото изведување од белата точка.

Три изведени пенали не беа доволни за Рома да избегне домашен пораз од Лил.

„Луда вечер. Пред натпреварот ѝ ветив на девојката дека нема да примам гол. Ми рече дека одамна немам сочувана мрежа. Не мислев дека ќе биде толку тешко, но на крајот го одржав ветувањето. Искрено, ни јас самиот не знам како го направив тоа“, изјави Берке Јозер.

„Ако имаше и четврти пенал, ќе го одбранев и него. Но, за мене најважни се трите бода, а не трите одбранети пенали“, додаде голманот во изјава за „Canal+“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови