Connect with us

Голманот на Челси по триумфот: „Каде е Јамал“? Ете го во џебот на Кукуреља“

Челси ја победи Барселона со 3-0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Жул Кунде постигна автогол во 27. минута, додека за Челси погодија Естевао и Лијам Делап.


Барселона од 44. минута играше со играч помалку, откако стоперот Роналд Араухо доби втор жолт картон.

Херој на триумфот на Челзи беше левиот бек Марк Кукуреља, кој совршено го чуваше Ламин Јамал. Кукуреља (27) е пораснат во Барселона, во Ла Масија дојде како 14-годишник и остана во клубот осум години. Сега стана херој на победата против својот поранешен клуб, откако го сопре 18-годишниот суперѕвезда, кој е и негов соиграч во репрезентацијата.

Роберт Санчез, голманот на Челси, по натпреварот даде интересна изјава: „Каде е Јамал? Кукуреља го стави во џеб“, а потоа упати порака и до младата ѕвезда на Барселона: „Сите се одлични додека не дојдат во Англија.“

На прашањето дали Барселона била фаворит, Санчез одговори со насмевка: „Барселона била фаворит? Не, фаворити сме ние.“

Кукуреља објасни како успеал да го сопре Ламин Јамал:


„Се обидував да му го направам натпреварот што потежок. Настојував да го насочам кон средината, каде што е Каиседо. Не можев да го оставам сам на десната страна. Тоа му е послабата нога, но никогаш не знаеш како ќе поминеш со такви играчи“, истакна Марк Кукуреља.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови