Connect with us

Голманот Ѓорѓе Петровиќ беше херој на Србите во Тирана (ВИДЕО)

Албанија и Србија одиграа без голови (0-0) во Тирана. Домашните имаа убава шанса за победа, но голманот Ѓорѓе Петровиќ стана херој на Србија – во самиот финиш од првото полувреме го одбрани ударот од белата точка на Реј Манај и ја сочува мрежата недопрена.

Холандија со леснотија ја запиша првата победа во циклусот, совладувајќи ја Финска со 0-2 на гостински терен. Мемфис Депај отвори уште во шестата минута, а Дензел Дамфрис ја потврди победата со погодок во 23. минута.

Австрија се радуваше на три бода против Романија, славејќи со 2-1. Грегорич во 42. и Сабитцер во 60. минута донесоа сигурна предност, а Алибек во 95. минута само го ублажи поразот за Романците.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови