Connect with us

Големи проблеми за Реал: Дефанзивното дуо неизвесно за “Ел Класико”

Давид Алаба се врати повреден во Реал Мадрид, откако отсуствуваше од меѓународната должност со Австрија. Разновидниот ги одирга двата натпревари за својата земја од квалификациите за Светското првенство против Фарските Острови и Данска.

Се верува дека Алаба се пожалил на болка во коленото. Тој, следно, ќе биде подложен на медицински прегледи со цел целосно да се разбере сериозноста на проблемот. Засега, “кралскиот клуб” се надева дека фудбалерот не претрпел ништо повеќе од тежок удар, што ќе му овозможи да игра кога тимот на Карло Анчелоти ќе се врати на терените против Шахтјор следниот вторник.

Со оглед на тоа што Едер Милитао, исто така, ќе виде вон терените поради повреда со која се здоби на натпреварот против Колумбија во 71. минута, Карло Анчелоти, моментално, се наоѓа во големи дефанзивни проблеми пред патувањето на неговиот тим во Лигата на шампионите во Донецк во вторник.

Двајцата дефанзивци имаат има рок до 19 октомври да се подготват за натпреварување, а Анчелоти е желен да ги вклучи во итмот што ќе патува за Украина. Доколку го пропуштат овој дуел, “белите” ќе се надеваат дека ќе ги имаат овие фудбалери во пресрет на големото “Ел Класико” дерби на “Камп Ноу” на 24 октомври.

Advertisement

Facebook

Тимови