
Три големи ѕвезди на Милан се пред заминување од клубот на крајот од сезоната, пренесува „Газета дело Спорт“.
Голманот Мајк Мењан, левиот бек Тео Хернандез и напаѓачот Рафаел Леао најверојатно ќе ги напуштат „росонерите“ ова лето поради разочарувачката сезона.
Се очекува Милан да направи голема реконструкција на тимот во летниот преоден рок, особено ако не успее да се пласира во Лигата на шампионите.
Мењан води преговори за продолжување на договорот до 2029 година, но според информациите, тоа не гарантира дека ќе остане. Францускиот голман направи клучни грешки во натпреварите против Феенорд и Торино.
Тео Хернандез нема да добие нов договор, а Милан е подготвен да слушне понуди ова лето или да го пушти како слободен играч во 2026 година, пишува „Газета“.
Леао има ослободителна клаузула од 175 милиони евра во договорот, но неговите осцилации оваа сезона значат дека Милан би можел да прифати и пониска понуда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
