Централниот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Преснел Кимпембе, нема да игра на Светското првенство во фудбал во Катар од 20 ноември до 18 декември.
27-годишниот Кимпембе на својот Инстаграм профил напиша дека не се опоравил од повредата на тетивата и нема да може да учествува на првенството. Тој одигра 15 минути во победата од 5-0 над Оксер изминатиот викенд, откако го пропушти Лориен една недела претходно поради истиот проблем со Ахиловата.
Фудбалската федерација на Франција соопшти дека неговото место во изборот на Дидие Дешам ќе го заземе Аксел Дисаси од Монако. Дисаси (24) ќе може да дебитира за француската репрезентација, бидејќи играл за оваа земја како младинец, но и за Демократска Република Конго.
Кимпембе беше дел од репрезентацијата на Франција на Светското првенство во Русија, каде „петлите“ ја освоија светската титула.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Евро-фудбал
Легендата на Ливерпул заврши на интензивна нега
Евро-фудбал
Арне Слот ја откри судбината на Мохамед Салах
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













