Тренерот на Борец Велес, Горазд Михајлов, има огромни главоболки на десетина дена до стартот на новата прволигашка сезона, по повредата што ја заработи хрватскиот интернационалец Никола Гавриќ. Од овој фудбалер се очекуваше да биде „командант“ на одбраната на велешани, но повредата што ја заработи неодамна се покажа крајно сериозна, па врз Хрватот мораше да биде извршена и операција за да се санира проблемот со тетивата.
„Голем хендикеп и несреќа за нашиот клуб во последната фаза од припремниот дел. Хрватскиот интернационалец Никола Гавриќ заработи повреда која за жал не е наивна и мораше веднаш да се интервенира со операција на десната нога (мала руптура на ахилова тетива). Операцијата помина одлично и нашиот фудбалер се чуствува одлично. Му посакуваме успешно опоравување и што побрзо враќање на терен. Глава горе Мажиште“, – објави ФК Борец.
Борец Велес на стартот од новата сезона на 9 август ќе му гостува на тимот на Вардар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













