
Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков ќе го искористи вонредниот преоден рок за фудбалерите кои настапуваа во Украина и во Русија, и како позајмен играч до крајот на сезоната ќе игра во бугарскиот прволигаш Славија Софија. Тој се враќа во бугарското првенство каде претходно го носеше дресот на Левски.
„Го зедовме Ѓоко Зајков. Тој ќе игра како позајмен играч во Славија Софија до крајот на сезоната. Што се однесува до Дарко Тасевски, тој ќе продолжи да игра фудбал, останува во Славија Софија зошто ни е потребен“, изјави претседателот на бугарскиот клуб Славија Софија, Венци Стефанов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
